29 март 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПО Сарај, во рамки на проектот “Безбедност во училиштата“ денеска (29.03) одржаа едукативно предавање пред учениците од училишниот Клуб за превенција од општинското основно училиште “Ибе Паликуќа“.

На предавањето посветено на проблематиката на зависностите преку видео презентација учениците беа запознати за низа аспекти од темата – зависност, притоа потенцирајќи дека разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал, а беа објаснети и начините за превенција од зависностите, при што примарно место има континуираната информираност и едукација.

Покрај ова, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП во рамките на кампањата “Не заборавај –Стави појас“, реализираа едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Центар, односно на булеварот “Крсте Мисирков“. Притоа возачите беа запознати со важноста од почитување на безбедносните мерки, како што е користењето на сигурносните појаси, чија употреба е и законски пропишано, а воедно беа делени печатени материјали со едукативно информативна содржина изработени со поддршка од РСБСП.