25 март 2023

Го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата за зголемена безбедност, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (25.03.2023) полициски службеници од СВР Велес во близина на гимназијата ,,Кочо Рацин" во Велес ја промовираа заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните-заедница, доверба, одговорност". Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, ја потенцираа важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Полицијата работи на сузбивање на криминалот и води бескромпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, истовремено преземајќи и превентивни мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, го заштитува уставниот поредок и почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и, секако, обезбедува граѓански услуги.