Денеска (25.03.2023) полициски службеници од ПС за БПС Штип, ПС ОН Штип Отсекот за превенција при СВР Штип и припадници на специјалната посебна единица при МВР на РСМ, на плоштадот на ул. „Ванчо Прќе“ во Штип, спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискoто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На најмалите - дечињата во присуство на нивните родители им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.