24 март 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (23.03.) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со учениците од втора, трета и четврта година од прилепската гимназија “Мирче Ацев“ организираа и спроведоа едукативно предавање на тема - злоупотреби на социјални мрежи.

Исто така, едукативно-превентивна работилница за ученици од девето одделение беше реализирана и во прилепското основно училиште “Климент Охридски“ при што во рамки на проектот “Безбедност во училиштата“ темата беше посветена на проблематиката на врсничкото насилство.

Покрај ова, вчера на подрачјето од населените места, односно селата Девич, Слатина и Грешница, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, со жители и претставници на месните заедници од овие населени места спроведоа превентивна активност за заштита од пожари. Во рамките на превентивната активност беа поделени и информативни печатени материјали со едукативна содржина за превенција од пожари. Напоредно со ова, на неколку локации во Македонски Брод беа реализирани превентиви активности и од областа на сообраќајот, а посветени на сообраќајните правила и прописи по однос на брзото непрописно возење, како еден од примарните причинители на сообраќајни несреќи.