23 март 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Продолжувајќи со континуираните превентивни активности во рамки на пректот “Безбедност во училиштата“, вчера (22.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај реализираа четири едукативни работилници со децата-штитеници на ЈУ Детски дом “11 Октомври“, потоа од основните училишта “Страшо Пинџур“ ( Ѓорче Петров) и “Ибе Паликуќа“ (село Ласкарци), како и во средното училиште “Сарај“ (Сарај).

Притоа едукативните работилници во Детскиот дом “11 Октомври“ и во основното училиште “Ибе Паликуќа“ беа наменети за децата од прво до четврто одделение, на тема – “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Преку наменски видео презентации содветни на детската возраст полициските службеници ги презентираа основните информации околу сообраќајните правила и прописи важни за децата како учесници во сообраќајот, а насочени кон унапредување на сообраќајните знаења на децата-пешаци.

На работилницата организирана со ученици од седмото и осмото одделение во ОУ “Страшо Пинџур“ темата беше посветена на проблематиката на семејносто насилство, при што учениците беа запознати со начините за препознавање и превенирање на истото. Воедно беше формиран и училишен Клуб за превенција каде што децата ќе имаат непосредна можност преку личен ангажман да учествуваат во превенција од разните девијатни појави.
Во средното училиште “Сарај“, пак, за учениците од втора година преку видео презентација беше реализирана едукативна работилница на темата – Говор на омраза, односно за сите фактори, форми и последици од говорот на омраза .