Вчера (21.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје, организираше едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Сарај, поточно едукативно-превентивна работилница за учениците од основното училиште “Ибе Паликуќа“ во село Бојане, а посветена на теми од областа на сообраќајната безбедност.
Притоа, во рамките на планираната едукација од превентивниот проект “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, примарно наменет за ученици од второ и четврто одделение, преку интереактивен пристап и наменски подготвена видео презентација, учениците беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи кои се особено важни за нивната безбедност како пешаци - учесници во сообраќајот. На работилницата се говореше и за сообраќајната култура, за одговорното и совесно почитување на сообраќајните прописи и правила а се во интерес на безбедноста на децата во сообраќајот.