Во текот на вчерашниот ден (21.03.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола, на подрачјето на општина Ресен во неколку урбани заедници реализираа превентивни активности во делот на заштита на граѓаните од пожари, а под мотото “Заштита од пожари“. Притоа граѓаните беа запознати со најчестите причини за пожари, за потребата од внимателност и совесност, како и законските одредби од оваа сфера. Исто така, беше укажано и на потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на првенцијата од штетите и последиците од пожарите.
На граѓаните им беа поделени и едукативни печатени матаријали изработени во соработка со Национални шуми со содржини за превенција од пожари.