21 март 2023

Превентивна активност на ОВР Делчево и РСБСП за побезбеден сообраќај

Вчера (20.03.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево на повеќе локации во градот и околината спроведоа превентивни едукативни активности од областа на сообраќајот. Притоа во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата под мотото – “Паркирај совесно-паркирај одговорно“ и “Вози одговорно - стави појас“, полициските службеници им укажуваа на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, за важноста на почитувањето на сообраќајните прописи по однос на паркирањето и користењето безбедносен ремен.

Колку заради фактот што станува збор за прекршоци што се санкционираат согласно ЗБСП, уште повеќе и заради нивната лична безбедност, но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Исто така во рамки на активностите на возачите и граѓаните им беа делени печатени едукативни материјали изработени со поддршка од РСБСП.