Во рамки на превентивната кампања “Безбедни училишта“ денеска (20.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Чаир и Карпош реализираа три превентивно-едукативни работилници. Две од работилниците се одржаа со учениците и членови на училишните клубови за превенција при основните општински училишта “Петар Здравкоцски – Пенко“ и “Климент Охридски“ (на подрачјето на Чаир) а посветени на темата “трговија со луѓе“. Третата работилница беше одржана со ученици од средното училиште “Орце Николов“ а на тема поврзана со појавата – говор на омраза.
На работилниците преку видео презентации полициските службеници ги пренесоа основните и суштински информации за овие социо-девијантни и криминогени појави запознавајќи ги учениците не само за формите и начините на нивно манифестирање туку и за начините на препознавање и благовремено превенирање на истите.
Исто така денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје, а во соработка со РСБСП и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај во рамките на кампањата “Стави појас“, организираше и спроведе едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Карпош, односно на булевар “Партизански одреди“. Притоа, во рамките на планираната едукативно превентивна активност, покрај разговорите и укажувањата пред се кон возачите, околу важноста особено од аспект на личната безбедност на почитувањето на безбедносната мерка возење со сигурносен појас – полициските службеници на учесниците во сообраќајот им делеа и печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП со пораки за почитување на ова сообраќајно правило.