На 18.03.2023 полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа две едукативни работилници, со кои ги опфатија темите за зависности и за трговија со деца пред штитениците во Организационата единица „Два елени“, која е во рамките на Јавната установа „11 Октомври“ во населбата Козле.
На едукативните работилници беа споделени голем број информации околу безбедноста на младите во однос на разработените теми на работилниците, кои предизвикаа посебен интерес кај децата кој резултираше со голем број на прашања од страна на штитениците.
Целта на едукативните работилници е подигнување на свеста на штитениците-младинци како да се самозаштитат од овие видови криминалитет и да спречат да бидат виктимизирани. Иста така, споделените информации за современите теми од секојдневното живеење беа оценети како корисни алатки за навремено препознавање на сите ризици кои произлегуваат од овие видови на криминалитет.