Денеска (17.03.) од страна на полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров во соработка и координација со Одделението за превенција при СВР Скопје и РСБСП, на подрачјето на општина Ѓорче Петров реализираа едукативна превентивна активност во склоп на кампањата "Паркирај совесно-паркирај одговорно", а на возачите им беше поделен и едукативен материјал.
Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром во координација со Одделението за превенција при СВР Скопје беше реализирана превентивна едукативна работилница на тема “врсничко насилство“ со учениците од клубот за превенција во ОУ “Александар Македонски“. Учениците, меѓу другото, беа запознаени како во соработка со полицијата и училишните служби да се превенира оваа појава.