16 март 2023

Показна вежба на СВР Велес

Денеска (16.03.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од ОВР Кавадарци, заедно со Територијалната противпожарната единица Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување Кавадарци, Центарот за управување со кризи Кавадарци, Црвен крст-Кавадарци и Брза помош-Кавадарци учествуваа во заедничка показна вежба за заштита и безбедност при евакуација по настанат пожар во Средното општинско училиште ,,Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци.Показната вежба беше спроведена во рамки на проектот ,,Безбедност на училиштата“.