СВР Битола реализираше едукативна работилница во врска со врсничкото насилство наменета за ученици
На 15.03.2023 Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативна работилница со ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски" во Битола.
Во рамки на работилницата полициските службеници со учениците разговараа на теми поврзани со врсничко и семејно насилство, трговија со деца и други девијантни појави.
На работилницата полициските службеници посебен осврт ставија на врсничкото насилство, односно на различните форми и манифестации на овој облик на насилство, како и на малолетничката деликвенција, а со цел подигнување на свеста кај учениците за препознавање, превенција и заштита од овие специфични видови криминогени појави.