10 март 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (10.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициската станица од општа надлежност Чаир реализираше превентивна едукативна работилница на тема – “трговија со луѓе“ - со учениците од клубот за превенција при основното општинско училиште “Климент Охридски“. Учениците преку наменска видео презентација беа запознати и информирани за низа важни факти околу трговијата со луѓе, а особено внимание беше посветено на препознавањето на овие појави, нивното пријавување и соработка со полицијата заради превенција од истите.

Напоредно со овие активности, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на општина Аеродром, а околу темата – превенција од имотни деликти – реализираше средби и разговори со граѓаните на локации на булеварот Јане Сандански и Трговски центар Капитол. Основна цел на проектот е заштитата од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, како и заштита од тешки кражби од патнички моторни возила, и секако зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните им беа делени и печатени материјали со основни информации за превенција од имотните деликти.

Покрај ова, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од Оделението за безбедност на патниот сообраќај продолжи со едукативно превентивните активности од областа на сообраќајната безбедност, овој пат на подрачјето на општина Гази Баба. Притоа, во рамки на кампањата “Не заборавај – стави појас“ на локации на булеварот “Александар Македонски“ на возачите покрај укажувањата им беа делени печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП со пораки во поглед на задолжителното користење на сигурносните појаси. Инаку и вчера (09.03) идентична превентивна активност беше реализрана на подрачјето на општина Центар, односно на улицата “11ти Октомври“ кај “Порта Македонија“.