09 март 2023

Едукативни работилници на СВР Скопје


Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари во координација со Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (09.03.2023) во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ реализираа едукативна работилница посветена на разните видови зависности и како децата да се заштитат односно да се превенираат ваквите појави.
Исто така, денеска полициски службеници од Полициското одделение Мирковци во координација со Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа две едукативни работилници во основните училишта „Александар Урдаревски“ и „Кирил и Методиј“ на тема „Превенција од семејно насилство“ .
Преку презентација, учесниците беа запознаени со поимот семејно насилство, како и начините на пријавување и заштита од ваквата појава.