Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, денеска (07.03.) во средното училиште “Таки Даскалот“ во Битола реализираа едукативно-превентивна работилница од областа на сообраќајот.
Притоа, на работилницата полициските службеници ги запознаа учениците од трета и четврта година од ова средно училиште околу сообраќајните правила и прописи, особено важни од аспект на возачи почетници. Исто така, посебно внимание се посвети и околу правилата и прописите при користење на моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.
Исто така ,денеска на повеќе локации во централното градско подрачје во Ресен од страна на полициските службеници на граѓаните им беа поделени летоци со содржина “и јас и ти, сите сме пешаци“ а со цел за поголемо ниво на сообраќајната култура и безбедност и заштита на пешаците во сообраќајот.