Денеска (05.03.) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, реализираше едукативни работилници на младинци и деца кои се штитеници на “СОС Детско село“, а се сместени во Младинските куќи лоцирани во Радишани и Железара. Притоа на на неколку теми почнувајќи од – “Трговија со луѓе“, потоа околу “Сајбер насилство“ како и злоупотреба на психотропни супстанцина децата и ,младите им беа презентирани низа информации и практични искуства во справувањето на полицијата со овие девијантни и криминогени појави. Особено внимание се посвети на препознавањето на овие појави во различни облици и нивно благовремено превенирање во соработка со полицијата. На штитениците на СОС Детско село им беа поделени и тетратки, значки и други печатени материјали со едукативни пораки по однос на темите на работилниците.
Инаку Одделението за превенција при СВР Скопје и завчера (03.03.) а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на кампањата “Паркирај совесно - паркирај одговорно“, организиранше едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Центар, односно на улицата “Даме Груев“ во центарот на градот. Притоа на возачите им беше укажувано за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи по однос на паркирањето а во интерес на општата сообраќајна безбедност. Исто така на возачите им беа делени и печатени материјали изработени во соработка со РСБСП