01 март 2023

Превентивни активности на РЦГР Југ и РЦГР Север

Вчера (28.02.) полициски службеници за превенција при Регионалниот центар за гранични работи Југ заедно со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово и во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување реализираа превентивни активности насочени кон превенција од природни непогоди. Активностите се однесуваа на повеќе населени места на подрачјето на оваа полициска станица: Страгово, Чемерско Горна, Долна Бошава, Крњево , Конопиште и одморалиште Михајлово, а на месното население им беа поделени и печатени едукативни материјали изработени од страна на ДЗС со содржини за превенција и заштита од поплави, свлечишта, одрони и други природни непогоди.

Инаку, вчера и завчера (27/28.02) и полициски службеници за превенција од Регионалниот центар за гранични работи Север реализираа превентивни активности на тема превенција од илегално минување на државната граница заедно со полициски службеници од полициските станицици за граничен премин и граничен надзор Крива Паланка и Белановце при што беше опфатено месно население од селата Луке и Алаушевци.