На 28.02.2023 полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, организираше едукативно-превентивна работилница со ученици од основното општинско училиште „Киро Глигоров“ на подрачјето на општина Центар.
На работилница на која што присуствуваа учениците од второ одделение од ова основно училиште, преку наменски подготвена видео презентација и интерактивен пристап, децата беа запознаени со некои од основните сообраќајни правила и прописи особено важни за нивната безбедност како учесници во сообраќајот.
Се говореше и за сообраќајната култура што, исто така, посебно е важна за пешаците – категорија на учесници во сообраќајот во која што влегуваат најмногу токму децата, за сообраќајните правила за безбедно движење по тротоарите, за безбедно минување на сообраќајниците, запознавање со вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација и слично.