На 26.02.2023 од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево беа спроведени превентивни активности посветени на превенцијата од пожари на отворен простор и превенцијата од имотни деликти. Притоа активностите беа реализирани на подрачјето кое го покрива град Делчево, поточно во селата Очипала, Драмче, Селник и Вратиславци. Од страна на полициските службеници, преку непосредни средби и разговори со жителите на овие населени места беа појаснети опасностите од палење на оган на отворен простор, штетните последици, а посебен акцент беше ставен на забраната за палење на стрништа, сува трава и меѓи, како и неопходноста од навремено информирање на надлежните институции при забележување на пожар. Покрај ова, особено за постарите категории жители беше истакната потребата од внимание од имотни деликти – кражби, разбојништва, измами и друго, каде што токму овие категории граѓани се честа мета. Полициските службеници говорејќи за заштитата од имотните деликти посоебно апелираа на поголема комуникација и благовремено пријавување на ваквите појави на полицијата преку бесплатните телефонски броеви 192 и 112. Воедно, на средбите беа поделени и печатени материјали со едукативна содржина изработени со поддршка од мисијата на ОБСЕ во нашата земја.