Денеска (27.02.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Одделение за сообраќај, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачје на општина Аеродром, односно на булеварот „Јане Сандански“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот. Притоа, во рамки на кампањата „Биди одговорен - не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, беше укажувано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на забраната за користење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило. Воедно, на возачите им беа поделени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП. Исто така, а во рамки на сообраќајната едукација на учениците, денеска во ОУ „Киро Глигоров“ за учениците од второ одделение преку пауер поинт презентацијата беше презентирана и реализирана едукативна работилница на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, на која што беа презентирани информации за основите на сообраќајната култура, за сообраќајните правила и прописи особено оние што најдиректно влијаат врз безбедноста во сообраќајот на децата, како учесници односно пешаци во сообраќајот.