23 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Битола

 

Во текот на вчерашниот ден и денеска (22./23.02.) на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од овој сектор на внатрешни работи спроведоа низа превентивни активности со учениците од средните училишта во градот со кои беа одржани едукативно работилници посветени на проблематиката со компјутерските злоупотреби, злоупотребите на социјалните мрежи, сајбер булингот, говорот на омраза и друго.

Вчера, пак, полициски службеници од ОВР Ресен, при СВР Битола, на подрачјето на општина Ресен, реализираа превентивни активности под мотото “паркирај-совесно, паркирај-одговорно“, како и под мотото “секогаш стави појас“.

Полициските службеници во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на повеќе локации во Ресен, во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа за потребата за почитување на сообраќајните правила по однос на паркирањето и користењето на сигурносни појаси, како во поглед на санкционирањето, така и во поглед на безбедноста на пешаците, и на другите учесници во сообраќајот. Исто така, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци изработени со поддршка на РСБСП.
Напоредно со ова, ОВР Ресен реализираше и превентивни активности во делот на заштита на граѓаните од пожари, а под мотото “Заштита од пожари“.За време на превентивните активности беше поделен материјал со едукативна содржина.
СВР Битола продолжува и со реализациите на превентивните активности во делот на заштита на граѓаните од кражби и измами.