23 февруари 2023

Превентивна активност на СВР Струмица

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (22.02.) спроведоа превентивна активност со учениците од шесто до деветто одделение во основното општинско училиште “Кирил и Методи“ во село Дабиле, струмичко.

Во рамки на едукативната работилница, преку наменски подготвена видео презентација на тема – “Превенција и заштита од врсничко насилство“ учениците беа запознаени со проблематиката на врсничкото насилство почнувајќи од причините, формите, па се до штетните последици што оваа девијантна појава ги носи. Исто така на работилницата посебно внимание се посвети за начините на препознавање и спречување на врсничко насилство, и во тој контекст за важноста од комуникација со родителите, наставниците и полицијата.