Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово вчера (21.02.) спроведоа превентивна активност со учениците од шесто до деветто одделение во основното општинско училиште “Страшо Пинџур“ во село Јосифово, валандовско.
Преку презентирање на темата – “Превенција и заштита од врсничко насилство“ учениците беа запознаени за начините на препознавање и спречување на врсничко насилство. Исто така вчера и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа превентивна активност со децата од големата група од градинката „Виножито“ во Струмица, а поврзано со нивната безбедност во сообраќајот. На децата преку посоебно подготвена видео презентација им беа објаснети основните правила на движење по тротоарите и за значењето на семафорите и пешачките премини.