17 февруари 2023

Превентивна активност на СВР Струмица

Вчера (16.02.) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово при СВР Струмица беше спроведена превентивна активност со учениците од шесто до деветто одделение во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во село Пирава, валандовско.

Темата на едукативното предавање беше – “Превенцијата и заштита од врсничко насилство“, при што полициските службеници на учениците, низ призмата на полициската практика и искуства, им презентираа низа важни факти за последиците од врсничкото насилство, како и за начините на препознавање и спречување на врсничко насилство.