Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Исток, денеска 14.02.2023 година во ООУ „Св.Климент Охридски“ во село Тработивиште, делчевско, реализираа едукативно предавање од областа на сообраќајот на тема „Безбедно учество на пешаците во сообраќајот“.
Полициските службеници ги информираа учениците за основните правила и прописи важни за безбедноста на пешаците како учесници во сообраќајот, особено движење на пешаци по коловозот, преминување на коловозот на и надвор од пешачки премин, почитување на светлосните сообраќајни знаци, правилно движење по тротоарите и сл.
Исто така, полициските службеници на учениците им поделија едукативен материјал изработен со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.