Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, а во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (13.02.2023) во Куманово реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
На повеќе локации во централното градско подрачје од страна на полициските службеници на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина и со пораки до возачите на моторни возила да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ги паркираат возилата совесно и одговорно. А особено беше нагласено почитувањето на правилото за дозволена брзина на движење, како и законски казнивото возење под дејство на алкохол.