Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Оддлението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (13.02.2023) пред Сити Мол (во општина Карпош) реализираа превентивна активност во делот на сообраќајот, а по повод престојното празнување на Свети Трифун и на Св.Валентин.
Притоа, полициските службеници им делеа печатен едукативен материјал на возачите, изработен во соработка со РСБПС, со основни препораки и поуки за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено во поглед на неконсумирање на алкохол, како еден од преовладувачките предизвикувачи на сообраќајни незгоди.