Изминатиот период полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово одржаа едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на Општина Куманово. Притоа, на учениците им беа презентирани основните карактеристики на девијантни и криминогени појави, како што се: говорот на омраза, насилството на спортските натпревари, врсничкото насилство и булингот. Особено внимание при предавањата полициските службеници посветија на презентација на начините за рано препознавање на овие социо-девијантни појави, како и нивната превенција, пред сѐ, во соработка со полицијата. Инаку, согласно плановите на СВР Куманово, овие едукативни работилници ќе продолжат и во наредниот период во останатите основни училишта.