Вчера и денеска (08/09.02.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во просториите на основните општински училишта „Даме Груев“ и „Ѓорги Сугарев“ во Битола, беа реализирани едукативни работилници во рамки на превентивниот проект „Безбедни училишта“.
Притоа, на учениците им беа презентирани практичните полициски искуства, како и законските норми во делот на социо-девијатното злоупотребување на социјалните мрежи од страна на децата и тинејџерите – пред сѐ во поглед на сајбер булингот, говорот на омраза и слично.
Полициските службеници укажаа за важноста од правовремено препознавање на ваквите асоцијални појави, нивно пријавување, како и начинот на соработка со сите релевантни институции.