Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес вчера (07.02.2023) реализираше едукативна работилница во интернатот ОУД „Лазар Лазаревски“ во Велес на тема „Трговија со луѓе“.
Од страна на полициските службеници преку посебна видео презентација на учениците им беа претставени низа основни аспекти за криминалот од областа на трговија со луѓе.
Притоа особено внимание беше посветено на сегментот од трговијата со луѓе каде што децата и младите се таргет на криминалните групи, односно беа презентирани информации како да се препознаат овие криминални облици. Полициските службеници на учениците им предочија и низа практични полициски искуства и примери во врска со ваквата појава како и санкционирање на истата, вклучително и на превентивни мерки и активности важни за заштита и запознавање на младата популација од опасностите кои трговијата со луѓе може да ги предизвика.