06 февруари 2023

„Паркирај совесно-паркирај одговорно“ и „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ - превентивни активности на повеќе локации во Делчево

Денеска (06.02.2023) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Делчево, при СВР Штип, спроведоа превентивни едукативни активности посветени на сообрќајната безбедност. Под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“ и „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ на повеќе локации во Делчево и околината, полициските службеници им укажуваа на возачите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на сообраќајната безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Правилното, прописно паркирање и носењето и користењето на зимска опрема во зимската сезона се законски обврски што мора секој учесник да ги почитува и применува. Исто така, полициските службеници на возачите им делеа и печатени материјали, подготвени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење зимска опрема во возилата, како и за неправилното паркирање кое е една од причините за сообраќајни незгоди во кои жртви се пешаците и велосипедисти.