Во текот на вчерашниот ден (01.02.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Велес реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. Така, на неколку локации во должина на особено фрекфентните велешки улици „Борис Трајкоски“ и „Андон Шурков“ од двете страни, каде што воедно е забележан тренд на непрописно паркирање на моторни возила што со своето паркирање го зафаќаат делот од коловозот и тротоарот, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа на штетноста и последиците од ова непочитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на активноста на Отсекот за превенција при СВР Велес беше со ваквите превентивни активности уште еднаш да се испрати порака до граѓаните, особено возачите, да бидат совесни и со висок степен на сообраќајна култура, да внимаваат каде ги паркираат своите моторни возила и да не ја доведуваат во опасност безбедноста во сообраќајот на пешаците и останатите учесници во сообраќајот .