Денеска (31.01.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци во централното градско подрачје на Кавадарци спроведоа превентивна активност посветена на превенцијата од имотни деликти.
Притоа, во непосредна комуникација, пред се со повозрасните категории граѓани, полициските службеници укажуваа на начините за заштита од имотни деликти - кражби, тешки кражби, но и на различните облици на измами каде што токму пензионерите се често мета на измамниците. Воедно полициските службеници на граѓаните им делеа и печатени едукативни материјали.