Денеска (23.01) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе, во соработка со општинската организација на Црвениот крст Свети Николе реализираа превентивна активност во повеќе светиниколски села: Долно и Горно Ѓуѓанци, Павлешенци и Стањевци. Темата на активностите беше посветена на заштитата на граѓаните од временски непогоди, пред се од екстремно ниски температури и смрзнатини. Преку непосредни средби со жителите од овие села, полициските службеници ги советуваа граѓаните за можни последици предизвикани како резултат на ниските надворешни температури и за начините на самозаштита од студеното време, мразот, поплавите и како и каде да побараат помош.
Во рамки на средбите на граѓаните им беа поделени информативни летоци и насоки за комуникација со полицијата и преку телефонските броеви 192 и 112.