Денеска (23.01) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крушево, спроведoa превентивна активност во Крушево посветена на безбедноста во сообраќајот.
При тоа во фокусот на средбите со граѓаните, пред се со возачите, беше носењето и користењето на зимска опрема во возилата. Полициските службеници им укажуваа на граѓаните за законските обврски, но и последици од непочитувањето на задолжителното носење и користење на зимска опрема, а воедно им беа делени печатени летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата а во насока на поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.