На 14.01.2023 во периодот од 10.00 до 12.00 часот, Отсекот за превенција на СВР Штип заедно со полициски службеници од Полициската станица Делчево на повеќе локации во Делчево спроведоа активности од превентивната кампања ,,Стави појас “, при што возачите и сите кои се превезуваат во моторните возила беа потсетени за обврската за задолжително користење на сигурносните појаси со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Притоа, беше разговарано со возачите и им беа поделени летоци со едукативна содржина.
СВР Штип и во наредните денови продолжува со превентивните активности на целото подрачје кое го покрива Секторот.