13 јануари 2023

Превентивна активност на СВР Велес и РСБСП - „И јас и ти сме пешаци“

Денеска (13.01.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и полициски службеници од Полициското одделение и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци на повеќе локации во Велес и Кавадарци реализираа превентивна активност под мотото – „И јас и ти сме пешаци“.

Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирана кон сите учесници во сообраќајот, со посебно внимание кон пешаците ( особено повозрасните граѓани и децата). Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно-информативни печатени материјали и им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи заради намалување на ризиците од сообраќајни несреќи, односно зголемување на безбедноста во сообраќајот.