Денеска (10.01.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид , како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид и Полициското одделение за БПС – Струга, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на подрачјето на Охрид и Струга , беше спроведена сообраќајно едукативна акција под мотото – “Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.
На учесниците во сообраќајот им беше укажувано дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило е опасно и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со корисни совети за учeсниците во сообраќајот.