Денеска (09.01.) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип, реализираа едукативна кампања под мотото “Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, чија што примарна цел е превенцијата и заштитата од имотни деликти, особено кражбите, тешките кражби и разбојништвата. Полициските службеници на повеќе локации во Свети Николе во комуникација со граѓаните укажуваа на неопходната соработка помеѓу граѓаните и полицијата, како клучен фактор во рамките на превенција од кражби, разбојништва, провали. Воедно, беше нагласена потребата од навремено пријавување на кривичните дела на бесплатните телефонски броеви 192 или 112. Истовремено, од страна на полициските службеници беше нагласено дека сите полициски и други организациски единици на МВР се во служба на граѓаните и тие се постојано насочено кон одржување и подобрување на јавната безбедност, и дека истата може уште повеќе да се унапреди преку соработка на граѓаните и полицијата. За време на едукативната активност беа поделени летоци со едукативна содржина