Денеска (31.12) полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, на плоштадот, кај Офицерскиот дом во Битола одржаа предновогодишна едукативна работилница и дружба со дечињата од основното училиште "Елпида Караманди", како и други дечиња, на кои им беа претставени сообраќајните правила и прописи важни за нивно безбедно движење, а беа запознаени и со опремата и средствата за работа на полицијата во СВР Битола. На дечињата им беше поделен и едукативен материјал.