29 декември 2022

Вози одговорно, празнувај безбедно- превентивна активност на СВР Охрид

Денеска ( 29.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, на повеќе локации во централното подрачје на Охрид реализираа превентивни активности под мотото – “Вози одговорно, празнувај безбедно“.

Притоа, во повеќе угостителски објекти, во непосредна комуникација со посетителите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи особено во пресрет на новогодишните и божикни празници.

На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина и со апел за време на новогодишните и божикните празници да не се управува моторно возило доколку се конзумира алкохол, за почитување на правилата и прописите за ограничување на брзината, а се со цел нивна безбедност и безбедност на сите учесници во сообраќајот.