Денеска (27.12.) полициски службеници од Полициското одделение Велушина при Секторот за внатрешни работи Битола во основото општинско училиште “Крсте Петков Мисирков“, во село Бистрица, битолско, одржаа едукативно предавање од областа на превенцијата од злоупотребата на пиротехничките средства меѓу младите.
На учениците од ова училиште им беа презентирани низа практични информации и искуства за штетноста, односо последиците што по здравјето може да го предизвика неовластеното користење на петардите, како и за законските последици од нивната злоупотреба на јавни места. Исто така, во рамки на предавањето на децата им беа делени едукативни летоци со сите суштински информации за превенција од злоупотребата на петардите, изработени во соработка и со поддршка од УНДП како партнер во реализацијата на овој превентивен проект.