22 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на ПС Штип

Полициски службеници од ПС Штип, вчера (21.12.2022), во пресрет на новогодишните и божикни празници, реализираа превентивна активност со учениците од основното општинско училиште „Гоце Делчев“-Три Чешми и „Тошо Арсов“. насловена “Не користи пиротехнички средства“.

Преку соодветна видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, но и за можностите со неовластена и незаконска употреба на истите да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така, учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со УНДП.