Вчера полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Штип во соработка со доктори од Клиниката за пластична хирургија при општата болница Штип реализираа превентивни активности со учениците од Средните општински училишта “Славчо Стојменски“, “Димитар Мирасчиев“, и “Коле Нехтенин“, а на тема “Не користи пиротехнички средства“, во пресрет на новогодишните и божикни празници. Преку видео презентација и стручни практични искуства на медицинските работници учениците беа запознати со штетноста од употребата на пиротехнички средства, како и за реалните можности истите да предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Учениците беа запознати и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства,а им беше поделен и едукативен материјал.
Исто така, вчера и полициски службеници од ПС ОН Штип, на истата тема околу злоупотребата на пиротехничките средства, реализира превентивна активност со учениците од основните општински училишта “Димитар Влахов“; “Гоце Делчев“ и “Славејко Арсов“. Покрај едукативното предавање на децата им беа поделени и едукативни печатени материјали за штетноста и последиците од користењето на петардите и другите пиротехнички средства, изработени во соработка и со поддршка од УНДП.