Денеска (19.12.) во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, во Куманово се одржа јавна трибина на тема – “Не за петарди и пиротехнички средства“.
На трибината на која што присуствуваа претставници од Секторот за образование од општина Куманово, потоа претставници од надлежните инстанци од средните и основните училишта на подрачјето на градот, како и ученици од повеќе основни и средни училишта, полициски службеници изложија повеќе аспекти од проблематиката со неовластеното користење на пиротехничките средства пред се во пресрет на претстојните празници.
На трибината беше укажано за сите здравствени, но и законски последици од користење и продавање на пиротехнички средства, а дел од дебатата беше посветен и на проблематиката на говорот на омраза како девијантен феномен, како и за законските норми кои што ја опфаќаат оваа појава.