Изминатиот викенд на просторот пред “Ист Гејт Мол“ во Скопје полициски службеници од Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност посветена на задолжителното користење зимска опрема во сообраќајот во текот на зимската сезона.
Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, полициски службеници укажуваа на законските одредби за задолжително поседување и користење на зимска опрема во возилата. Истовремено, делејќи им едукативни печатени материјали, на возачите им беше укажано дека почитувањето на овие сообраќајни правила се во директен интерес на нивната безбедност, но и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.