Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола, заедно со полициски службеници од Полициското одделение Велушина, а во соработка и поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), денеска (19.12) реализираа превентивни активности на темата - “Не користи пиротехнички средства“, со учениците од основното училиште “Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица.
Преку соодветна видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, но и за можностите со неовластена и незаконска употреба на истите да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен материјал изработен со поддршка од УНДП.