Денеска (16.12.) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Свети Николе, при СВР Штип, во соработка со локалниот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа едукативна кампања под мотото “Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Полициските службеници на повеќе патни правци околу Свети Николе, како и во централното градско подрачје на Свети Николе, преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.