16 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на СВР Струмица

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица вчера (15.12.) на темата “Не користи пиротехнички средства“, а во пресрет на новогодишните и Божикни празници, реализираше превентивна активност со учениците од основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во село Босилово, струмичко.

Преку соодветна видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, но и за можностите со неовластена и незаконска употреба на истите да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше подделен и едукативен материја изработен во соработка и со поддршка од УНДП.